Каква порака на Ериксен до селекторот: Мислам дека сум подготвен за тренинг

epa09265254 Christian Eriksen of Denmark in action during the UEFA EURO 2020 group B preliminary round soccer match between Denmark and Finland in Copenhagen, Denmark, 12 June 2021. EPA-EFE/Stuart Franklin / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Вчера целиот спортски свет застана за момент кога Кристијан Ериксен колабираше, а докторите на данската репрезентација 20-тина минути се бореа за неговиот живот. На крајот, докторите успеаја, го реанимираа Ериксен иако во еден момент го загуби пулсот.
еден ден подоцна од немилиот настан, данскиот селектор Каспер Хјумланд вели дека состојбата на фудбалерот на Интер е стабилна и дека е во добро расположение. Селекторот Хјумланд откри што му кажал фудбалерот.

– Мислам дека се чувствувате полошо од мене, јас мислам дека сум подготвен за тренинг со момците – ги пренесува Хјумланд зборовите на Ериксен од болница.
– Кристијан  е добро расположен,а играчите чувствувааѕ големо олеснување по сето тоа што се случуваше. Не се сомневам дека животот му висеше на конец – додава данскиот селектор.

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

Драмата со Ериксен ја следеше и фудбалерот кој беше клинички мртов дури 78 минути

 

Видео на денот