Селами: Бугарите немаат податоци од актуелниот попис, тоа е политичка манипулација

Заменик-директорот на ДЗС Илми Селами / фото: скриншот

Податоците што се лиферуваат во јавноста околу Пописот, а не се од официјални лица од Заводот за статистика, треба да се сфатат како политичка манипулација, изјави денеска заменик-директорот на ДЗС, Илми Селами.

Изјавата на Селами доаѓа откако вчера, бугарскиот дипломат Иван Анчев во колумна за порталот Фактор.бг напиша дека досега само 72 граѓани кои живеат во Македонија се изјасниле како Бугари.

„Не секој го сака доброто на државата, особено ако се има предвид политичката актуелност во односите со Бугарија, и не само со Бугарија. Секогаш има интересни групи, луѓе, па дури и политички партии помали, минорни, кои не го сакаат доброто на процесот, доброто на државата. Овој процес е битен за државата, тој е од државен интерес. Секогаш тие ќе направат сѐ за да се опструира процесот, да се направи диверзија. Но, тоа не е возможно, ние сме организирани од секаква страна и секако дека таквите обиди се осудени на пропаст,однапред,“ рече Селами.

Бугарскиот дипломат Анчев, кој е поранешен конзул во Лондон, во колумната, меѓу другото, напиша дека ако на актуелниот попис во Македонија само 1.000 луѓе покажат бугарско национално чувство, тоа би ја лишило Софија од секакви аргументи во актуелниот спор со Скопје.

Тој ги спомна 130-те илјади издадени бугарски државјанства во Македонија и запраша дали на Бугарија ѝ се потребни такви граѓани, кои „со ништо не придонесуваат кон бугарската нација и бугарскиот народ“. Анчев побара да им се одземат пасошите на сите носители кои нема да се изјаснат како Бугари на пописот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот