Села за евентуална амнестија на Груевски: Заинтересиран сум ако на маса се стават и „Монструм“, „Диво насеље“ и „Алфа“

Зијадин Села претседател на алијанса на Албанците / фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Поранешниот лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села вели дека неговата партија не учествувала во преговорите за враќање на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски.

-Треба да бидете актер во овие разговори за да знаете што може да се случи. Алијанса за Албанците не е дел од овие пресметки. Сега се чини дека опозицијата влијаела на претседателот да го амнестира Груевски – вели Села во гостување во емисијата „Клик плус“ на 21 ТВ.

Но, Села додава дека тој лично и партијата би биле заинтересирани за амнестија доколку се намалуваат казните и за други осуденици, како што се случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“.

-Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се ​​отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа – вели Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот