Села избран за претседател на Централното собрание на Алијансата

Зијадин Села претседател на алијанса на Албанците / фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Бившиот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села е избран за претседател на Централното собрание на партијата на денешното заседание во Куманово, но како што соопшти претседателот на Алијансата Арбен Таравари, одлука за влез во Владата сè уште не е донесена
Избрани се членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена. Партиските членови заминаа на пауза и ќе продолжат со разгледување на дневниот ред.

– Сега продолжува, кратка пауза за членовите на Централното собрание да ги прочитаат правилниците коишто се договорени меѓу нас, веќе се дебатирани. Меѓутоа уште еднаш пред да донесеме конечна одлука за функционирање и на централното и на ограноците и на централното претседателство, уште еднаш да ги разгледаат материјалите. За Владата ќе биде последна точка, каде прво ќе реферирам за тоа што, какви, средби сум имал, какви пораки имам од сите тие со коишто сум се сретнал, да дебатираме и да видиме каква одлука би донеле заедно – изјави Таравари.

Освен што Села е избран за претседател на Централното и избрани се и други носители на партиските функции. За генерален секретар е Кренар Лога, за организациски секретар – Исен Шабани. Трите потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот