Села: Алијансата за Албанците не е на продавање, Таравари ќе сноси одговорност

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

За да не оставам простор за да се манипулира јавноста Алијансата за Алнанците не е нешто виртуелно таа е присутна тука, тука е тесното претседателство во седиштето, присутни се поголемиот број од ограноците. Вака претседателот на Собранието на Алијансата за Албанците Зијадин Села ја започна прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово, по превирањата во партијата откако вчера лидерот на партијата Арбен Таравари на својот фејсбук профил напиша дека партијата ќе се приклучи на албанскиот опозициски фронт. Села смета дека некој сака да и зададе удар на Алијансата за Албанците.

„Некој сака да ја контрабандира Алијанса за Албанците за потребите на незнам кои чинители, но тоа не е добро за Албанците и за граѓаните на Македонија. Тоа ние нема да го дозволиме, а ова присуство тука тоа го покажува. Затоа Алијансата за Албанците изјавувам дека оваа сабота ја свикува седнницата на Централното Собрание според тоа што ми го налага мене статусот. Никогаш и во никој момент не сум бил препорака за да се свика Собранието, тоа било чиста пропаганда, која ја имаат употребено одредени структури, рече Села.

Тој посочи дека никој во партијата па и претседателот Таравари не смее да носи одлуки оти статутот на партијата налага одлуките да ги ноат телата. Поради тоа во сабота ќе го свикам највиското тело на партијата, кое ќе одлучува за одговорност на претседателот Таравари, дополни Села.

„Статутот на партијата налага без разлика дали е претседателот на партијата или било која позиција да не може да носи одлуки. Тој може само да предлага, а органите се тие кои ги носат одлуките, тоа се колективни органи како што е централното претседателство. Се зборува во јавноста дека имаме понуди, немаме никакви понуди, ние не се продаваме, не сме на пазар. Затоа и нашиот последен став е дека одиме сами на избори. Тој став е кажан од Таравари, став кој е искажан од 99 отсто од членовите на претседателство, па затоа контрабанда на ставот на Алијанса за Албанците преку статуси на фејсбук ние не можеме да дозволиме. Затоа ја свикуваме седницата каде ќе се одлучува за одговорност и го повикувам да дојде Таравари за да сноси одговорност за тоа што го направил врз партијата, рече Села.

Инаку на фејбук објава на Алијансата за Албанците стои дека откако претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вчера јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.

„Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на Собранието од вкупно 133 колку што брои Собранието. Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа“, се наведува во објавата на Фејбсук на АА.

Претседателот на партијата Арбен Таравари синоќа објави дека АА ќе се приклучи на албанскиот опозициски фронт. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Алијансата за Албанците ја поддржаа одлуката на Таравари за заеднички настап на изборите со албанската опозиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот