По превирањата во Алјансата за Албанците, Села свика прес конференција во партиското седиште во Тетово
Претседателот на Собранието на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, вечерва во 18:00 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето во Тетово, соопштија од оваа партија. Прес конференцијата следува откако вчера претседателот на партијата Арбен Таравари изјави дека партијата ќе се приклучи на Албанскиот опозициски фронт.
Препорачано
Синоќа Таравари за својата одлука која ја објави на Фејсбук доби поддршка само од министерот за здравство, Фатмир Меџити, а веднаш му се спротивставија министерот за правда, Кренар Лога, претседателот на Централното собрание и поранешен прв човек на партијата, Зијадин Села, како и потпретседателката Илире Даути. Го обвинија Таравари дека има „шверцерски“ тенденции и напишаа дека тој како поединец не одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.
Не би ги коментирал случувањата во Алијанса, бидејќи станува збор за друг политички субјект. Нивните партиските органи, нивните функционери се тие што треба ги дадат одговорите и да излезат со став, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во врска се последните случувања во Алијансата за Албанците.
Ковачевски: За случувањата во Алијанса одговорите треба да ги дадат нејзините партиски органи


