Сексуалниот престапник Вајнстин пренесен во озлогласениот и опасен затвор Рајкерс во Њујорк

Фото: Профимедиа

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин е пренесен во озлогласениот њујоршки затвор Рајкерс вчера, десет дена откако е осуден за силување и сексуален напад.

67-годишниот продуцент од историската пресуда 24 февруари се наоѓаше во болница во Менхетен, откако се пожалил на болки во градите.

Вајнстин, чии филмови освојуваа и Оскари, по операцијата е пренесен во болничката единица во затворот Рикерс, рече за „АФП“ неговиот портпарол.

Фото: Профимедиа

„Отстранет е проблемот“, рекол тој, а неколку американски медиуми пренесоа дека на Вајнстин му е вграден стент.

Вајнстин беше прогласен за виновен за сексуален напад на поранешната асистентка Мими Халеји од 2006 година, и за силување на поранешната глумица Џесика Ман во 2013 година.

Ослободен е по две точки на обвинението за предаторски сексуален напад, за што можеше да добие и доживотен затвор.

Движењето (#MeToo) „И јас исто така“ против непримерното сексуално однесување на пресудата се осврна како историска, но тимот на Вајнстин вели дека ќе вложи жалба.

Рајкерс е еден од најпознатите американски затвори во кои беа затворени познати личности како Сид Вишс од Секс Пистолс, раперот Тупак Шакур и поранешнот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Штраус-Кан.

Големиот комплекс, познат по редовните насилни испади против затворениците и чуварите, ќе се затвори во 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот