„Секој може да си избере каков реквизит ќе има во канцеларија“: Ковачевски за „антистрес“-сеансата кај Груби

Фото: Артан Груби / Фејсбук

„Секој може да си избере каков реквизит ќе има во својата канцеларија“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, запрашан за коментар околу вчера објавените фотографии од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, на кои се гледа како тој и министрите од ДУИ играат фудбал и кошарка во канцеларијата.

„Колку што знам, ова не се први фотографии од фудбал во неговиот кабинет. Имам колеги-премиери што имаат кошови во својата канцеларија. Лично јас немам кош, но секој може да избере дали ќе има реквизит што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, две или пет, така што секој има право да си го организира просторот како што сака. Исто како што и вие во вашата канцеларија можете да го организирате вашиот простор. Ирелевантно е дали мене тоа ми пречи или не“, рече Ковачевски обраќајќи му се на новинарот кој му го постави прашањето.

Фотографиите и специјално измонтираното видео од канцелариската „дружба“ на Груби и министрите предизвикаа многу реакции во јавноста, а Груби уште вечерта рече дека немало никаков проблем во тоа, нарекувајќи ги реакциите „хистерични“. Дел од граѓаните на социјалните мрежи толкуваа дека „антистрес“-сеансата на сите министри од ДУИ во Владата, предводена од Груби, всушност е потег предизвикан од внатрепартиските тензии во ДУИ, односно дека е насочен кон т.н. „огнена група“ од незадоволни функционери во партијата, кои бараат оставка од Груби и министрите.

Вицепремиерот објавените фотографии и видеи ги искоментира и денес, велејќи дека во неговиот кабинет фудбал се играло одамна, а тој главно „дриблал“.

Повеќе написи на темава:

ФОТО/ВИДЕО | Чудна „антистрес“-дружба во државен објект: Министрите од ДУИ играат фудбал кај Груби

 

Груби е спортски тип кој дрибла: Нема амбасадор што нема шутирано кај мене во кабинет, градоначалникот на Тирана даде гол со пета

 

„Што е чудно што си игравме во канцеларија?“: Груби вели дека има „хистерични реакции за сѐ и сешто“

 

Најчевска откако министрите од ДУИ играа фудбал во канцеларија: Не молчевме пред Груевски, зошто молчиме пред Ахмети?

 

„И ние сме луѓе“: Бесими за рекреацијата во канцеларија кај Груби

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот