Најчевска откако министрите од ДУИ играа фудбал во канцеларија: Не молчевме пред Груевски, зошто молчиме пред Ахмети?

Фото: Артан Груби / Фејсбук

Професорката Мирјана Најчевска ги критикува министрите од ДУИ, откако вицепремиерот Артан Груби објави фотографии од нивната денешна дружба, на кои се гледа како министрите се разонодуваат играјќи фудбал и кошарка во кабинетот на Груби во Владата.

„Знаете дека ве прават будали во очи? Нели? Мислам не е можно да не гледате. По 11 години во власт со ВМРО-ДПМНЕ која ја прогласивме за партија која практикуваше авторитаризам до ниво на фашизам, тие излегоа чисти како солза. Го освоија правосудството кое е прогласено за најкорумпирано во регионот и пошироко, ни ја диктираат надворешната политика која ја претвори државата во земја за спрдачина, го прекршуваат секој закон, измислуваат закони за да го направат нелегалното легално, криминалот го претворија во стопанска гранка, непотизмот го прогласија за легитимен во кариерното напредување, поткупот и рекетот ги промовираа во највисоки вредности, успеваат да претворат во кал сѐ што ќе допрат, а се промовираат како европски ориентирана зелена партија која е столб на напредокот на Македонија“, пишува Најчевска.

„Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш? Па не молчевме пред Груевски. Зошто молчиме пред Али Ахмети? Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти? Или…?“, пишува професорката на Фејсбук.

ФОТО | Чудна „антистрес“-дружба во државен објект: Министрите од ДУИ играат фудбал кај Груби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот