ФОТО/ВИДЕО | Чудна „антистрес“-дружба во државен објект: Министрите од ДУИ играат фудбал кај Груби

Фото: Артан Груби / Фејсбук

Вицепремиерот Артан Груби попладнево објави фотографии на кои се гледа како заедно со другите министри од ДУИ, се рекреираат со фудбал и кошарка во кабинетот на Груби во Владата.

Фото: Артан Груби / Фејсбук
Фото: Артан Груби / Фејсбук

Нешто како во канцелариите на големите светски компании, во кабинетот на Груби се поставени кошови, зони за релаксација и други средства за вработените, да се рекреираат и да ја подобруват концентрацијата, во моментите кога се соочуваат со тешките предизвици и напорните работни денови во државната служба.

Фото: Артан Груби / Фејсбук

„По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех. Денес е голем ден“, напиша Груби на Фејсбук, објавувајќи ги фотографиите од чудната машка дружба во државната канцеларија.

Фото: Артан Груби / Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот