„И ние сме луѓе“: Бесими за рекреацијата во канцеларија кај Груби

Фото: Артан Груби / Фејсбук

Министерот за економија Фатмир Бесими во гостување на ТВ21 вечерва беше запрашан околу фотографиите и видеото на кое се гледа како заедно со другите министри од ДУИ, играат фудбал и кошарка во кабинетот на вицерпремиер Артан Груби.

Тој кажа дека „во минатото играл фудбал и дека по работниот ден, како и секој човек, си наоѓа хоби“.

„Спортот е добар за здравјето. Јас сум играл фудбал во училиште. Го следев и светското првенство. На крајот од денот кога ќе го тргнам ова одело како министер, станувам обичен граѓанин како и секој. Граѓаните можеби реагираа што не’ видоа во една невообичаена улога. Јас затоа сакам да упатам и порака дека секој министер, премиер, политичар е и обичен човек, и има исти емоции и грешки како и секој човек. Она што е важно е тоа што ние сме 100% посветени на граѓаните, а имаме право да се релаксираме како секој обичен човек“, рече Бесими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот