„Што е чудно што си игравме во канцеларија?“: Груби вели дека има „хистерични реакции за сѐ и сешто“

Фото: Артан Груби / Фејсбук

„Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за сѐ и сешто“, вели вицепремиерот Артан Груби во врска со објавата од попладнево, во која тој сподели фотографии од него и министрите од ДУИ, како играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата.

Груби вели дека денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади и полетни, желни за резултати…

„Не беше во работно време, но и да беше. Беше по завршување на Управувачкиот комитет за изградбата на коридорите 8 и 10 д што е најголем проект во независна Северна Македонија. Потоа имаше владина едница со многу точки и обраќање на шведската амбасадорка. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе прв пат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет…“ рече Груби во гостувањето на „ТВ24“.

Тој вели дека во сегашната опозиција „нема некој кој е доволно фраер за да игра фудбал“.

Во врска со синиќешното двојно убиство во Скопје, Груби рече дека нема повеќе информации и не ги знаел жртвите.

„Не ги знам жртвите, ниту сум ги сретнал. Страшно е тоа што се случи. Апсолутно е неприфатливо и ги осудувам најостро ваквите криминални дела. Ги охрабрувам МВР и обвинителството да ги најде извршителите“, рече тој во емисијата „24 Анализа“.

ФОТО | Чудна „антистрес“-дружба во државен објект: Министрите од ДУИ играат фудбал кај Груби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот