Груби е спортски тип кој дрибла: Нема амбасадор што нема шутирано кај мене во кабинет, градоначалникот на Тирана даде гол со пета

Фото: Артан Груби / Фејсбук

Вицепремиерот Артан Груби  одговарајќи на новинарско прашање дали е во ред до уметничка слика да се закачи кош во кабинет  и така да се однесува со нешто што е во сопственост на граѓаните, се извини ако ги повредил чувствата на сите граѓани кои биле погодени од фотографијата на којашто заедно со другите министри од ДУИ вчера играа фудбал во кабинетот на Груби.

-Јас сум спортски тип и согласно реорганизацијата на органите на државната управа, Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Нема амбасадор што нема „шутирано“ фудбал и тие слики се објавени. Пред некој ден амбасадорот на Словачка го направи тоа и вие објавивте. Тоа не беше скандал, а ова денеска е скандал. Ова е таа хистерија за која говорам за селективна правда за да се направи дефокус од нешто. Градоначалникот на Тирана дури со пета даде гол, изјави Груби.

Фото: Артан Груби / Фејсбук

На прашањето дали вчера како највисок Груби играл центар, тој одговори: „Јас дриблам“.

Вицепремиерот вчера на Фејсбук објави снимка и фотографии на кои се гледа како заедно со другите министри од ДУИ, се рекреираат со фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата.

-По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех. Денес е голем ден“, напиша Груби, објавувајќи ги фотографиите и видеото од чудната машка дружба пред Осми март во државната канцеларија.

ФОТО/ВИДЕО | Чудна „антистрес“-дружба во државен објект: Министрите од ДУИ играат фудбал кај Груби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот