Сега е јасно зошто Сака промаши, Кјелини се сети на проклетството „Кирикочо“

EPA-EFE/Michael Regan

Во моментите кога Букајо Сака тргна да го изведува пеналот во петтата серија, тешко дека го слушна викањето на капитенот на Итлаија, Џорџо Кјелини, кој се сети на „магичниот“ збор.

Станува збор за проклетство, во Јужна Америка сите знаат што значи „Кирикочо“, а во Европа го донесоа фудбалерите токму од јужноамериканскиот континент.  Кјелини на италијанските медиуми им потврди дека извикувал „Кирикочо“ во моментите кога Сака одел да го шутира пеналот.

Станува збор за проклетство кое настана од вистинска ситуација во 1980-тите години во Аргентина.
Имено, кога Карлос Биљардо пред да ја освои светската титула со Аргентина 1986 година, беше тренер на Естудијантес и се соочи со неверојатна и чудна ситуација. Верен навивач на екипата кого сите го нарекувале „Кирикочо“ не само што ги следен натпреварите туку бил присутен и на тренинзите на омилениот тим. Но, кога и да бил присутен на трибините или покрај тренинг центарот на Естудијантес, некој од фудбалерите се повредувал.

Бидејќи суеверието во Јужна Америка е распространето и не се зема здраво за готово, Биљардо сите повреди го поврза со присуството на навивачот.
Но, наместо да го избрка, Биљардо го вработи „Кирикочо“. Тој доби задолжение да ги дочекува противничките екипи во Ла Плата и да им посака среќа. Резултатот од тоа во првата сезона е доста повреди и црвени картони на противничките екипи кога му гостуваа на Естудијантес.

Тимот на Биљардо победи на сите натпревари на домашен терен, освен во дуелот со Бока Јуниорс кога „Кирикочо“ не бил на стадионот, но сепак Естудијантес таа и наредната сезона ја освои титулата во Аргентина.
Интересно е што Карлос Биљардо кога повторно седна на клупата на Естудијантес во 2003 година, едно од првите прашања упатени на управата му било каде е „Кирикочо“, но никој не знаел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот