Противпожарните возила се на терен и го гаснат пожарот кај Катланово (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Пожарот што пред еден час изби во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје се шири кон повисокиот дел со борови дрвја.

Фото: Слободен печат

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, седум противпожарни возила се на терен.

-Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон боровите. Веднаш интервениравме, најпрво со две екипи, а потоа, откако беше побарано засилување, испративме уште пет. Засега не можеме точно да кажеме од што избувнал пожарот, само се обидуваме да го зигансеме или локализираме, рече Симоновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот