Се зголемува бројот на деца со посебни потреби во Тетово- нема услови за нивна едикација и рехабилитација

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Во Основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово денеска се промовираше сензорна соба за учениците со посебни потреби, која е прва од ваков вид во тетовско. Училиштето е едно од поголемите во Македонија со над 1.700 ученици кое има и три подрачни училишта.

Во сите објекти настава следат 35 ученици со попреченост.

Мевлудије Алити специјален едукатор и рехибилитатор во училиштето, вели дека вакви сензорни соби кои служат за интеграција на децата, треба да има во секој училишен објект, особено во време кога се зголемува бројот на деца со посебни потреби, а поголем дел од нив имаат таканаречени „модерни болести“.

„Ние како училиште од 2020 година сме вклучени во проектот за инклузија на децата со посебни потреби. Од 2020 година ние работиме на проекти и активности за децата со посебни потреби. Приоритетна цел ни беше опремување со материјали на сензорната соба која ќе ја користат деца со различни нарушувања оти гледаме дека се повеќе имаме деца со социјално нарушување и деца со посебни потреби, а најтешка форма ни е аутизмот. Кој ќе ја користи оваа сензорна соба и што е сензорна интеграција? Тоа е процес каде има брза перцепција на информациите, обработка и после тие информации децата ги спроведуваат во секојдневните активности. Преку сензорна терапија ние правиме еден третман. Преку третманот ние ќе работиме со децата со нарушени сетила. Многу се потребни соодветни услови за работа за деца со посебни потреби и овие сензорни соби без обучен кадар се чисто само како една игротека. Затоа многу е важно и да има обучен кадар кој ќе работи со тие деца. Ако ние ги вклучиме децата во таа сензорна интеграција е на знаеме да работиме со нив, може само да им наштетиме, вели Мевлудије Алити специјален едукатор и рехибилитатор во ОУ Братство Миѓени.

Но, освен недостиг на сензорни соби за децата со посебни потреби во Тетово нема ниту центар за едукација и рехабилитација. Тој е повеќе од неопходен за нив, каде може да го поминат квалитетно дел од времето после завршувањето на часовите, вели Алити. Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, изјави дека за таков центар веќе има изготвено проект и дадено дозвола за градба.

„Денеска имаме чест во училиштето Братство Миѓени да ја промовираме сензорната соба. Тоа е во правец на создавање на подобри услови за сите деца да бидат дел од образовниот процес. Благодарност до училиштето и до наставниот кадар и до бизнис секторот кој беше дел од овој проект. Ние ќе се ангажираме вакви сензорни соби да има во сите училишта, за да можат децата утре бидат дел од општествените процеси. Ние се надеваме дека и утре и во нашето Собрание и Влада ќе има вработено и лица со посебни потреби.Тука сакам да нагласам дека ние работиме да се отвори еден дневен центар за лица со посебни потреби кој ќе се гради со швајцарски пари. Веќе имаме изготвено проект, дадена е дозвола, обезбедена е локација каде ќе се гради овој објект за децата со посебни потреби“, рече градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Сензорната соба во ОУ Братсво Миѓени во Тетово е опремена со донација од приватна фирма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот