Се зголемува бројот на Бразилци во Арсенал, третиот доаѓа од Лил

twitter/Arsenal

Екипата на Арсенал денеска го официјализираше трансферот на Габриел кој доаѓа од францускиот Лил и тоа во трансфер вреден 28 милиони евра. Габриел потпиша петгодишен договор и со тоа стана второто засилување за „топчиите“ во летниот преоден рок откако претходно од Челси пристигна неговиот сонародник Вилијан.

„Воодушевени сме со ангажманот на Габриел. Тој е фудбалер кој долго време го следиме и кој беше интересен за многу клубови“, соопшти Арсенал.

Освен официјалната потврда од Арсенал, дојде и од самиот играч и тоа на интересен начин. Имено, се започна со видео повик помеѓу Давид Луиз и Вилијан во кој двајцата Бразилци се пошегуваа дали Магалаеш се премислил и доаѓа во Арсенал, но наскоро во разговорот им се приклучи и поранешниот играч на Лил, Габриел и тоа во маичка на „топчиите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот