Се урна зграда во Мумбај, загинаа 11 лица, се трага по преживеаните

Фото: Миа.мк

Во Мумбај после вчерашните обилни врнежи на дожд се урна станбена зграда, при што најмалку единаесет лица загинаа, вклучувајќи осум деца, а спасувачите трагаат по преживеани.

Станарот во зградата, Мохамед Рафик Сидики, за Ројтерс изјави дека изгубил девет членови на семејството кога се срушила четирикатна зграда во Мумбај.

„Отидов да купам млеко, но кога се вратив, зградата беше срушена“, рече Сидики.

Официјални лица соопштија дека осуммина од повредените се пренесени во болница.

Во следните 24 часа се очекуваат умерени и обилни врнежи, објави метеоролошката служба на Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот