Пожар Шпанија / Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Се урна канадер кој гаснеше шумски пожар во Португалија, пилотот загина

Канадер кој гаснеше шумски пожар во Португалија се урна синоќа во близина на Вила Нова де Фоз Кое, во северниот кварт Гарди, при што загина пилотот на авионот, во кој немаше други лица, соопшти цивилната заштита.

„Засега немаме детали за тоа што се случило”, изјави командантот на националната цивилна заштита Андре Фернандес.

Авионот бил од типот FireBoss со средна големина.

„Со неверување ја примив веста за смртта на пилотот на авионот кој се урна при гаснење на пожарот”, објави португалскиот премиер Антонио Коста на Твитер.

Серија пожари избувнаа во Португалија, каде цела недела има високи температури, а спасувачката служба во петокот вечерта извести дека десетина активни пожари биле изгаснати од повеќе од 900 пожарникари.

Нешто повеќе од 30.000 хектари изгореа во Португалија од почетокот на 2022 година, што е најмногу од 2017 година, обележана со смртоносни пожари во кои загинаа стотици луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот