Се уриваат 26 куќи во Ќерамидница кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот АСНОМ

Се уриваат куќи во Ќерамидница / Фото: Град Скопје

Екипи на Град Скопје деновиве започнаа со уривање на објектите кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот АСНОМ преку новиот мост во Аеродром низ Ќерамидница. Како што информираат градските власти, сите објекти кои се уриваат се експропирани, а сопствениците се обесштетени според законски предвидената методологија. 

– Во тек е постапката за уривање на првите куќи и објекти кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот АСНОМ преку новиот мост во Аеродром низ Керамидница. Завршени се постапките за експропријација за 26 објекти, а се работи на расчистување на имотно-правните односи и за други објекти во Ќерамидница кои се наоѓаат на трасата на пробивањето на булеварот во овој дел градот – велат за „Слободен печат“од Град Скопје.

Инаку, според најавите на надлежните, со комплетната реализација на овој проект кој се состои во три фази, конечно жителите на Општина Аеродром многу полесно ќе поминуваат во Општина Гази Баба, ќе се намали сообраќајниот метеж и значително ќе се скрати времето на возење.

Имено, првата фаза е пробивањето на булеварот АСНОМ, втората фаза од овој проект е изградбата на мостот Михајло Апостолски, чија изградба е во финална фаза и третата фаза е пробивањето низ населбата Ќерамидница и спојувањето со мостот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот