Илон Маск Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Се стресе и Маск: Одбивав покани од Епстин, но мојата преписка со него може погрешно да се разбере

Магнатот Илон Маск се јави на социјалните медиуми откако се појави во нова серија објавени документи за сексуалниот престапник Епстин.

Според е-поштата разменета помеѓу 13 декември 2013 година и Нова Година истата година, милијардерот разговарал за можна посета на карипскиот остров од страна на Џефри Епстин.

Во посебна размена на е-пошта, може да се види дека Епстин договорил ручек со Маск во февруари истата година.

„Свесен сум дека дел од мојата преписка со Епстин може да биде погрешно протолкувана“.

Како одговор на корисник на X, социјалната мрежа што ја поседува, Маск рече:

„Никој не се залагал посилно од мене за објавување на досиејата на Епстин и ми е мило што конечно се случи. Имав многу малку преписка со Епстин и одбивав повторени покани да го посетам неговиот остров или да летам со неговиот авион „Лолита експрес“, но бев свесен дека дел од преписката преку е-пошта со него може да биде погрешно протолкувана и искористена за оцрнување на моето име од страна на моите противници. Тоа не ме загрижува, но се грижам дека барем ќе се обидеме да ги гониме оние што извршиле сериозни кривични дела со Епстин, особено кога станува збор за тешка експлоатација на малолетни девојчиња“, рече Маск.

Илон Маск и принцот Ендру се појавуваат во новите досиеја за Епстин

 

ГАЛЕРИЈА: Досега непозната и морничава приказна за Џефри Епстин, раскажана од фотограф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот