Фото: Комунална хигиена

Се степале колеги од „Комунална“, едниот употребил и тврд предмет

За време на работата се степале двајца колеги од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.

Инцидентот се случил доцна синоќа, а го пријавил 56-годишниот С.И. кој во полиција рекол дека колегата го нападнал со тврд премет.

„Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје, С.И.(56) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје, бил физички нападнат од неговиот колега А.Н.(35) од с.Грчец, скопско, кој употребил и тврд предмет“ соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот