Фото: Уставен суд

Се сретнале претседателот на Уставниот суд и кинеската амбасадорка

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска се сретнал со неодамна назначената амбасадорка на Кина во Македонија, Џианг Сјаојен, соопшти Судот.

На средбата, според соопштението, Костадиновски ја запознал амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со „улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права и слободи“. Тој исто така ѝ ги претставил своите заложби за обезбедување на поголема независност и самостојност на институцијата, како и за зголемување на транспарентноста во работењето, вклучително преку емитување на седниците во живо.

„Двете страни ја нагласија важноста од продлабочување на билатералната соработка преку размена на искуства и дијалог меѓу уставните судови, како начин за зајакнување на институционалните врски и унапредување на меѓународните стандарди во уставно-правната област. Амбасадорката Сјаојен ја презентираше иницијативата за приклучување на Република Северна Македонија во Меѓународната организација за медијација (IOMed), истакнувајќи го значењето на меѓународната соработка и промовирањето на принципите на владеење на правото. Со оваа средба, двете страни ја потврдија посветеноста кон јакнење на билатералните односи, продлабочување на меѓусебните врски и зајакнување на уставно-правната соработка“, велат од Уставниот суд.

Гаши го гаси „тајванскиот оган“ што го потпали Милошоски: Спикерот се сретна со кинеската амбасадорка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот