Се споија источна и западна Европа: Вучиќ и Борисов го пуштија Коридор 10 – Слободен печат
ВестиРегион

Се споија источна и западна Европа: Вучиќ и Борисов го пуштија Коридор 10

По новиот автопат од Ниш до Бугарија ќе се стигнува за 50 минути.

Источниот крак на Коридорот 10 денеска официјално беше пуштен во употреба во Србија. На прославата присуствуваше државниот врв на Србија предводен од претседателот Алекандар Вучиќ како и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Граѓаните добиваат нов автопат во должина од 86,9 километри од Ниш до Градина, односо до граничниот премин со Бугарија. Оваа оддалеченост ќе биде поминува за околу 50 минути.

Како што јавува Курир.рс во своето обраќање Вучиќ проговорил и бугарски, па што Борисов вратил „врло лепо“ се качил на бината и срдечно се прегрнале.

Во балкански дух за атмосферата на настанот се погрижи оркестар составен од тапани и трубачи.

ФОТО.Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close