Се шири фронтот по труењето на Навални: Над 100 европарламентарци бараат санкции за Русија

Над 100 европарламентарци бараат санкции против одговорните за нападите врз опозициските претставници и новинари во Русија, имајќи го предвид и последниот случај со труењето на политичарот Алексеј Навални, јави агенцијата ДПА.

Во отворено писмо до шефот на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Жoзеп Борел, што е објавено денеска, претставниците на различните политички групи во Европскиот парламент повикуваат на „целосна и транспарентна истрага за случајот Навални”.

Кремљ збунет од германската теорија за труењето на Навални

Тие укажуваат на серија напади врз критичари на руската Влада, набројувајќи ги новинарката Ана Политковскаја, која беше застрелана во нејзината станбена зграда во Москва во 2006 година и поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ, кој беше речиси смртно затруен со агенсот „Новичок” во Англија во 2018 година, додава германската агенција.

Во моментот Навални е во индуцирана кома во болницата „Шерите” во Берлин. Германските власти велат дека токсиколошките тестови несомнено докажале дека Навални бил отруен со воениот нервен агенс „Новичок”, развиен од Советскиот Сојуз. Кремљ, меѓутоа, негира каква било вина и вмешаност во случајот.

Навални жртва на труење: Што претставува новичок и како функционира?

Борел синоќа ја нагласи можноста од преземање натамошни чекори на ЕУ како одговор на труењето на Навални. Истакнувајќи дека употребата на хемиско оружје е „целосно неприфатливо под никакви околности”, тој отворено и се закани на Русија со санкции, додаде ДПА.

Советот на НАТО, пак, за денеска закажа итен состанок на кој ќе се разговара за аферата.

Алексеј Навални како тема: НАТО закажа итен состанок за денеска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот