Сè се остварило: За време на подемот на нацизмот новинарка ги запишувала соништата на пријателите. Резултатите биле застрашувачки!

Profimedia

Откако Хитлер ја освоил власта, берлинската новинарка Шарлот Берад секоја ноќ ја измачувале страотни ноќни мори од кои се будела препотена. Една ноќ, откако се разбудила од сонот во кој бегала од германските војници, ѝ дошла на ум една идеја.

Што ако не сум единствена? Што ако и другите луѓе сонуваат вакви страотии?“, се запрашала новинарката и почнала да ги забележува соништата на своите пријатели и познаници.

Од 1933 до 1939 година, кога поради еврејското потекло сo сопругот емиграла во САД, собрала значителен број соништа од граѓани на Берлин.

Излегло дека била во право. Сите имале кошмари кои го навестувале на некој начин почетокот на Втората светска војна и ужасите на Холокаустот.

Profimedia
Profimedia

Еден доктор сонувал дека мора да ги турне ѕидовите на неговата ординација, а една жена нацисти кои упаѓаат за време на изведбата на „Волшебната флејта“ на Моцарт, веднаш по стиховите „тоа е сигурно ѓаволот, бидејќи таа во тој момент помислила на Хитлер.

Чести биле соништата за побуна. Некои сонувале како ја тргнуваат свастиката, но таа повторно би се појавувала, а не биле ретки ни еротските соништа за Хитлер. Интересно, само еден сон зборувал за убиството на Хитлер.

Убиства, смрт, чизми кои маршираат и експлозии, ги сочинувале соништата на граѓаните на Берлин во првите години на нацизмот.

Бележењето на туѓите соништа не било лесна задача. Многу од сонувачите се плашеле дека ако зборуваат за своите соништа прават нешто нелегално и опасно.

Сепак Шарлот успеала да собере соништа од дури 300 граѓани на Берлин, меѓу кои имало нејзини колеги новинари, студенти, адвокати, домаќинки, работници во фабрика…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот