Се самоуби дипломатка на ОН во стан во Њујорк, се нижат шпекулации за нејзиниот идентитет

Profimedia

Дипломатка на Обединетите Нации е пронајдена мртва во својот стан на Менхетн во новогодишната ноќ, а полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство, објави Фокс Њуз.

38-годишната жена е пронајдена со лицето надолу и со ремен околу вратот во бањата од својот стан во источниот дел од Менхетн, дури околу пладне.

Полицијата пронашла рецепти за антидепресивни лекови и две шишенца со мелатонин – едното празно, а другото речиси испразнето.

Полицијата не пронајде знаци на провала, пишува во објавата на Фокс Њуз на која се повикаа дел од македонските медуми, наведувајќи дека станува збор за дипломатка од Македонија, иако тоа не е наведено во американскиот извештај за овој настан. Натаму се вели:

„Таа живееше тука две години,“ во петокот за Пост изјави Хернан Авила, домар во зградата. „Сите се чувствуваме лошо. Таа беше многу добра личност. Многу добра жена“.

Дипломатката живеела сама во апартман на четвриот кат, вели Авила. Ја опишува како тивка жена која повремено излегувала надвор на цигара.

„Вчера, докторите отидоа нагоре, од брзата помош“, вели тој и додава: „Дојде и еден маж, дипломат. Не знам дали беше амбасадорот или нешто друго е“.

„Тој праша за неа“, Авила рече. „Домарот се јави, но немаше одговор. Немаше одговор, нешто се случило“.

Официјални лица од постојаната мисија на ОН каде што жената работела не одговорија веднаш на барањето за коментар на Фокс Њуз.

„Слободен печат“ се обрати до Министерството за надворешни работи со цел да провери дали станува збор за македонска државјанка, вработена во Обединетите нации и ќе извести веднаш штом добие официјална потврда или демант за настанот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот