Се реновира Одделението за педијатрија во Струмица по 50 години

Се реновира Одделението за педијатрија во Струмица по 50 години/Фото:МИА

Одделението за педијатрија во струмичката болница почна да се реновира по половина век, соопштија од оваа здравствена установа.

Имено, со реновирањето е променета старата столарија, подот во болничките соби, обезбедени се нови болнички кревети, шкафчиња и простор за игра на дечињата.

Како што информираат од болницата, во наредниот период ќе се продолжи со целосна реконструкција на санитарниот јазол за пациентите, како и просторија за интензивно лекување.

Заради реновирањето одделението за педијатрија функционира во новите простории од дневната болница и амбуланта во приземјето, како и во дел од болничкиот оддел.

Од ЈЗУ „Општа болница Струмица” се заблагодаруваат на сите донатори кои помогнале во реновирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот