Се расипа брз воз кај Ла Манш: Патниците останаа заробени осум часа, ќе добијат отштета

Фото: Martin Bertrand / AFP / Profimedia

Околу 700 патници на брзиот воз „Евростар“ повеќе од осум часа останаа заглавени во расипан воз без струја и тоалети.

Возот од Лондон до Амстердам ја напушти станицата навреме, но се расипа половина час подоцна недалеку од влезот на тунелот под Ла Манш во Кент.

„Евростар“ соопшти дека причина за дефектот бил главниот кабел за струја на возот.

„Ситуацијата е комплицирана од положбата на возот и инфраструктурата на пругата, што значи дека мора да се почитуваат одредени безбедносни процедури пред да се стартува локомотивата. Возот моментално се враќа во Лондон каде патниците ќе добијат освежување и обештетување“, се вели во соопштението на Еуростар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот