Се преврте возило пред Стража (ФОТО)

Засега нема информации дали и колку лица се повредени во оваа превртено патничко возило.

Во непосредна близина на планинскиот превој „Стража“ пред околу половина час се превртело патничко возило со гостиварски таблички.

Неофицијално дознаваме дека ваквиот немил настан се случил поради неприлагодената брзина, која е задолжителна според временските услови на патот. Засега нема информации дали и колку лица се повредени во оваа превртено патничко возило.

фото: Слободен печат

Екипа на полицијата го обезбедува патниот правец Гостивар-Кичево, каде што се случила незгодата, па поради тоа и сообраќајот се одвива со значително намалена брзина.

Уште рано утринава АМСМ во своето соопштение потенцираше внимателно да се вози на планинските премини, поради обилни врнежи од снег и неприлагодени услови за патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот