Се предаде на полицијата еден од сопствениците на косовската фирма на чија сметка легнаа украдените милиони од Државната каса

epa08321211 Kosovo police officers wear face masks while on patrol in front of the parliament building of the Republic of Kosovo in Pristina, Kosovo, 25 March 2020. The Kosovo's parliament is holding an extraordinary session on voting the non-confidence motion against the government initiated from one of the coalition partners, Democratic League of Kosovo (LDK). EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Денес доброволно се предаде Карди Шаља кој е еден од споственицте на фирмата ЛДА Груп на чија сметка легнаа фамозните 2 милиони и 77 илјади евра од Државната каса на Косово.

Акција „метла“ во Приштина, Хоти отпушти директори на косовската полиција, царина и даночна управа

Косовската полиција потврди дека лицето кое до сега беше во бегство се предал и во моментов е на распит. Шаља е осомничен за вмешаност во трансфер на над 2 милиони евра од Министерството за финансии на Косово.

Кадри Шала, сопственик на компанијата „ЛДА Груп“, за кого се сомнева дека биле пренесени украдени 2,1 милиони евра од Државната каса, е осуден на 48 часовен притвор.

По распитот на Шала неговиот адвокат Осман Хоџа во изјава за медиумите призна дека неговиот клиент престојувал во Турција во текот на изминатата недела. Тој рече дека испитувањето кое траеше 5 часа било во согласност со законот.

„Како што сте информирани, тој изјави дека ќе се пријави во полиција и го стори тоа денес околу 12 часот. Интервјуто траеше 5 часа. Сè беше во согласност со законот, но поради истрагата не можам да соопштам повеќе. Специјалното обвинителство издаде налог за притвор во траење од 48 часа и навремено ќе бидеме известени за понатамошните фази“, рече тој.

Минатата недела Основниот суд во Приштина му изрече триесет дневен притвор Лабинот Груда, службеник од ова министерство за кој се верува дека е вмешан во кражбата на парите. Обвинителството на Косово тврди дека Груда ги извршил неовластените трансфери на 9 октомври. Полицијата го уапси на 20 октомври.

Едномесечен притвор за лицето осомничено за кражба на над 2 милиони евра од Државната каса на Косово

За кражбата која се случи за осум минути во време кога службениците биле на пауза за ручек министерката за финансии, Хикмете Бајрами рече дека злосторството е сторено преку сајбер напад и дека се пробиени лозинки на службеници.

Хоти за скандалот од над 2 милиони евра: Измамниците ќе излезат на површина како стаорци кога ќе останат без вода

Косовскиот медиум Инсајдер објави истражување во кое се вели дека потојат основани сомневања дека бизнисменот Кадри Шала и уапсениот службеник од Министерството за финансии, Лабинот Груда веже подолго време планирале да избегаат во Турција.

Според доказите за кои овој медиум тврди дека се од полициски извори, дел од украдените пари, односно 340 илјади евра, фирмата ЛДА Груп ги префрлила на сметка на турска фирма „Vekoç Makine – Vekoç Makina Insaat“.

Косовскиот Инсајдер исто така објави дека сопственик на оваа фирма која се занимава со активности за обработка и производство на бетон е познатиот бизнисмен Вехби Коч.

Името Коч Холдинг кај нас е препознатливо по инвестицијата во трговскиот центар во Скопје, Рамстор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот