Се прават побрзо од палачинки: Прекрасни ролни за кои ви се потребни само неколку состојки

ролни
Чоко ролни / Фото: Panthermedia / Profimedia

Крцкави однадвор и сочни одвнатре. Овие вкусни ролни се идеален појадок или вечера, а можете да ги наполните со што сакате. Комбинациите на состојки одат многу подалеку од класиците со џем или чоколадо.

Може да ги комбинирате се вашите омилени филови, да додадете парчиња банана со чоколадо и намаз од лешник, како и крем сирење со џем. Лажните палачинки се спас за вишокот леб, а оној кој е стара барем еден ден е идеален за овој рецепт бидејќи подобро ја впива смесата.

Состојки:

– 10 парчиња леб или тост
– 40 г путер
– 10 лажици мармалад
– 3 јајца
– 3 супени лажици млеко
– 1/2 лажичка цимет

ролни
Фото: Panthermedia / Profimedia

Подготовка:

Лебот исечкајте го на кришки, малку расукајте го со сукало и исечете ја кората. Премачкајте со путер и мармалад и свиткајте го во ролни. Потопете во мешавина од јајца, млеко и цимет и пропржете ги.

Вкусни комбинации на филови:

Слатки варијатни:

– маскарпоне, ванила и јагоди
– рикота и рендана кора од портокал
– путер од кикирики и пире од костен
– компот од круша и печени лешници
– чоколаден пудинг и вишни

Солени варијанти:

– пилешко месо, песто и домати
– пилешко месо, печурки и спанаќ
– говедско месо и печурки
– лосос, рикота и маслинки
– мелено месо и сос од домати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот