Милош Раониќ/ EPA/ANDY RAIN

Се пензионираше поранешниот трет најдобар тенисер во светот

Поранешниот трет тенисер на светот, Милош Раониќ,  официјално објави дека ја завршува својата професионална кариера, ставајќи крај на патот во кој освои осум АТП-титули. Триесет и петгодишниот тенисер, кој останува запаметен како првиот Канаѓанец што стигнал до финале на грен-слем во сингл конкуренција, повеќе од една година не беше активен на терените, а сега одлучи и целосно да се повлече.

Раониќ со години се соочуваше со бројни повреди, а преку социјалните мрежи порача дека дошол моментот да се збогува со тенисот.

„Ова е момент за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но никогаш не сте целосно подготвени за него. Мислам дека сега сум поспремен од кога било. Бев најсреќната личност што можеше да ги живее и оствари своите соништа“, напиша Раониќ.

Неговата најуспешна сезона беше 2016 година, кога стигна до финалето на Вимблдон, откако во полуфиналето го совлада Роџер Федерер, а во борбата за трофејот беше поразен од Енди Мареј. Истата година играше и полуфинале на Австралија опен и АТП-финалето, завршувајќи ја сезоната како трет тенисер на светската листа.

Последниот настап во кариерата Раониќ го имаше на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот