Се пензионираше Јелена Антиќ, една од најдобрите македонски кошаркарки во историјата

Фото: КФСМ

Maкедонската женска кошарка од денес официјално остана посиромашна за Јелена Антиќ, една од најдобрите во историјата на овој спорт кај нас.

Иако има само 32 години, Антиќ одлучи да објави крај. Неколкуте тешки повреди беа пречка да изгради кариера за каква што сигурно имаше потенцијал, иако зад неа остануваат импресивни настапи за Македонија и повеќе европски екипи.

Фото: Screenshot/FB

Кариерата ја започна во редовите на Младинец, потоа се пресели во САД каде што играше за средното училиште „Либерти Академија“, па универзитетот „Ливерти флејмс“.

Сениорското европско деби го направи во Партизан каде што помина три сезона, а потоа го носеше дресот на: Радивоје Кораќ, Макаби Ашдод, ЦСУ Алба, Лулеа Баскет, Висла Краков и Баскет Кам.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот