Се омажи ќерката на Ел Чапо: Меѓу гостите и членови на картелот Синалоа

Фото: Инстаграм

Ел Чапо, осудениот наркобос на картелот Синалоа, не ја однесе својата ќерка до олтарот за да ја предаде на својот иден сопруг, бидејќи служи доживотна затворска казна во САД.

Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, ја пропушти венчавката на својата ќерка Алехандрина, но неговата прва сопруга Марија ги изврши обврските кои традиционално ги има таткото на невестата.

Алехандрина се омажи за Едгар Цазарес на приватна церемонија во катедрала во мексикански Кулијакан, во кој е основан картелот Синалоа.

Едгар е внук на Бланка Маргарита Цазарес Салазар, наводно уште една многу важна личност во светот на трговијата со дрога, која е позната како „царицата“.

Фотографиите објавени на Истаграм на мајката на младата прикажуваат луксузни оклопни возила кои се паркирани пред катедралата, која беше затворена за јавноста, а пред неа стоеше вооружено обезбедување.

Според пишувањата на локалните медиуми, вооружните стражари ги чувале припадниците на картелот, додека тие присуствувале на церемонијата.

На венчавката наводно присуствувал Овидио Гузман Лопез, еден од синовите на Ел Чапо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот