Се огласи Обвинителството за инцидентот во Торино: Нема индиции дека Андреа имала намера да го исмее и омаловажи знамето

андреа коевска 2
Андреа Коевска, македонската претставничка на годинашното издание на Евровизија / Принтксрин, Јутјуб

Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.

„До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување“, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Професор Буџакоски за потегот на Андреа во изјава за „Слободен печат“: Да не ја напаѓаме или браниме, да ги видиме мотивите!

Претходно професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев, излезе со свој коментар во кој оценува дека Андреа очигледно се збунила и немала намера да го омаловажи државното знаме.

Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ,,многу на број, малку за бој!”, напиша професор Калајџиев на својот Фејсбук профил.

ФОТО | Андреа Коевска се извини уште еднаш: Македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како досега

Видео на денот