ВИДЕО | Се огласи мајката на Марија која брутално беше претепана во Дубаи: „Се забавуваа додека ја гледаа како страда“
Мајката на украинската манекенка Марија Ковалчук, која беше пронајдена брутално претепана покрај патот во Дубаи, обвини група богати руски млади мажи дека се однесувле кон нејзината ќерка „како кон домашно милениче“, само за забава.
Препорачано
Откако исчезна, Марија беше пронајдена со повеќекратни скршеници на колкот и нозете. Во интервју кое првпат беше емитувано пред неколку дена, таа ја раскажа потресната приказна за тоа како завршила во кома откако присуствувала на забава во луксузен хотел во Дубаи, организирана од членови на таканаречената „златна младина“ од Русија.
Според Марија, забавата на која била поканета набрзо излегла од контрола. Двајцата мажи, наводно под дејство на алкохол и дрога, почнале да ја злоупотребуваат психички и физички, нарекувајќи ја нивна сопственост.
Нејзината мајка, Ана, е огорчена и јавно го осуди однесувањето на осомничените.
„Кога младите мажи имаат пари, повеќе нема граници. Тие си пронајдоа милениче – некој што можат да го мачат, само за да ја гледаат како страда, да го гледаат нејзиниот страв. Се забавуваа со тоа. А потоа отидоа предалеку. Сите ја барале кога исчезнала. Го пребарале целиот кат од хотелот, а потоа се симнале долу, на рецепцијата, каде што им било кажано дека таа си заминала, па почнале да ја бараат надвор. Во своите искази, тие исто така тврделе дека првиот ден само се дружеле заедно и дека се познавале. Дека сè било нормално, сè било одлично, сите се забавувале добро … И потоа нешто се случило со мојата Маша. Таа почнала да пие алкохол. Тврделе дека се качувала на балконот – но всушност, само се обидувала да избега и да побара помош. Ја вратиле внатре, а потоа ја претепале“, изјавила нејзината мајка.
Осомничените се ослободени
Иако наводните сторители биле приведени и испрашувани од полицијата во Дубаи, тие биле ослободени без обвиненија. Според достапните информации, нема доволно докази за поведување постапка, иако деталите од случајот продолжуваат да „будат“ сомнежи за постапките на властите.
Телеграм канал поврзан со руската елита тврдеше дека го познава еден од осомничените и ја опиша забавата како „собир на разгалени, одвратно воспитани деца на богати луѓе кои летаат помеѓу Лондон, Москва, Ибица …“
Украинка, модел на „OnlyFans“, злоставувана и претепана на забава со шеици – се бори за живот


