Украинка, модел на „OnlyFans“, злоставувана и претепана на забава со шеици – се бори за живот

Украинка, модел на мрежата за споделување приватни снимки „OnlyFans“, е во критична состојба и се бори за живот откако била пронајдена покрај пат во Дубаи, со тешки скршеници на ‘рбетот, рацете и нозете. објавија дел од светските медиуми.

Марија Ковалчук ​​(20) не може да зборува, а нејзиното семејство стравува дека таа била жртва на брутален систем на експлоатација.

Марија била исчезната осум дена, откако им кажала на пријателите дека била поканета на забава во хотел во Дубаи.

Локалните медиуми јавуваат дека нејзините роднини се загрижени дека таа можеби била сексуална робинка и била силувана неколку дена, пред да биде оставена покрај патот.

Се сомнева дека таа присуствувала на забава со „непознати шеици“ – настани на кои „гости“ се популарни жени од поранешните советски држави.

Се верува дека ова бил собир на кој присуствувале инфлуенсерки на кои им биле исплаќани огромни суми пари за да вршат незамисливи работи.

Тие често се изложени на екстремни и понижувачки малтретирања на забавите и ги исполнуваат ужасните желби на многу богатите мажи.

Марија се бори за живот во болница и досега имала четири операции, пишуваат британските таблоиди.

Пријателите и семејството започнале потрага по Марија, која по потекло е од Лавов, а потоа ја нашле во болница.

На забавата, која се одржа на 9 март, таа наводно била со двајца мажи кои тврделе дека се претставници на манекенскиот бизнис, пишува украински Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот