Зоран Јованов, татко на обвинетиот Васил Јованов / Фото: Принтскрин

Се одложи судењето на таткото на Васил Јованов, обвинителот имал друга работа

Судењето против Зоран Јованов, обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, денеска беше одложено во Основниот кривичен суд во Скопје поради отсуство на обвинителот Александар Марковски. Според информациите, Марковски најавил присуство на Варшавската конвенција, поради што не присуствуваше на рочиштето.

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако Обвинителството врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Обвинението против Зоран Јованов следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во девојката Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Обвинителството тврди дека преку родителска попустливост, таткото придонел за создавање на опасната состојба.

Адвокатот Сашко Дуковски го оцени обвинението како правно неосновано и најави барање за детално образложение за секој поднесен доказ, нарекувајќи го случајот „правен преседан незабележан во македонската правна историја“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот