Се обновуваат дел од живеалиштата во Зоолошка градина
Започна реконструкција на живеалиштата на животните во првиот реон во Зоолошката градината, која ЗОО Скопје ја изведува со поддршка од Град Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Согласно сите мерки за благосостојба, во оние живеалишта каде што постоеше потенцијална зараза на животни во иднина, а со цел заштита, со целосна механизација беше изваден слој на земја во длабочина од 15-20 цм. По овој зафат, беше ставена нова подлога со тампон, кој служи само како дренажа. По тампонот, следува третата фаза во која деновиве ќе се постават природни материјали и земја во сите живеалишта – информираа од Зоолошка градина.

Оттаму додаваат дека покрај тоа е направена и целосна дезинфекција на внатрешните и надворешните делови на живеалиштата, а набрзо ќе започне и реконструкција на оградите и сите делови кои имаат потреба од модернизирање.
По завршувањето на обновувањето на живеалиштата во првиот реон, ќе се продолжи и во останатиот дел од градината.
Нашата визија е Зоолошка градина Скопје да стане модерен зоо центар за заштита на природата и со хуман третман и услови за секое животно, велат од ЗОО Скопје.


