Се намалува бројот на основци и средношколци во земјава

Училиште ученици Македонија зима
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во учебната 2022/2023 година забележано е намалување на бројот на ученици во редовните основни и средни училишта во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Бројот на ученици во основните училишта изнесува 185.099, што е намалување за 0,8 отсто. Во средните училишта регистрирани се 69.227 ученици, што претставува намалување за 2,5 проценти во однос на претходната учебна година.

Само во првото полугодие од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство.

Во последните четири месеци, 200 ученици или околу седум цели одделенија од тетовските средни и основни училишта се иселиле во странство.

И Куманово не е одминато од трендот на иселување од државата, што може да се види од бројот на запишани ученици. Во учебната 2020/2021 година во средните училишта во градот имало 4.508 ученици, годинава таа бројка изнесува 4.126 ученици. Слична е состојбата и во кумановските основни училишта. Минатата учебна година биле запишани 1.208 ученици, а во 2022/2023 година запишани се 1.070 ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот