Се менува Законот за здравствено осигурување на барање на матичните лекари

Се менува Законот за здравствено осигурување на барање на матичните лекари. Со измените, во приватните здравствени установи со најмногу два тима, ако му престане работниот однос на избраниот лекар, тогаш лекарот одреден за замена вработен во истата установа продолжува да дава здравствени услуги за пациентите на избраниот лекар, за што добива 70 проценти од капитацијата за сите пациенти евидентирани кај избраниот лекар на кој му престанал работниот однос во период од 6 месеци од престанокот на неговиот работен однос. Ако во тие 6 месеци се вработи нов избран доктор, нововработениот лекар продолжува да ги издава здравствените услуги на пациентите, освен на пациентите кои избрале друг лекар.

Со измените на Законот за здравствено осигурување се решава долгогодишниот проблем на приватните здравствени установи во примарната здравствена заштита што се јавува при престанок на работниот однос на матичениот лекар. Со цел да се обезбеди континуитет на пружањето на здравствена услуга за пациентите и финансиска стабилност на здравствените установи, Лекарската комора бараше промени, а законското решение произлезе од преговорите кои се водеа со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Здравствените установи со еден тим, во случај на престанок на работниот однос на избраниот лекар доколку во период од шест месеци вработи нов избран лекар, новоизбраниот лекар продолжува да ги дава здравствените услуги на пациентите на избраниот лекар на кого му е престанат работниот однос. Во период од шест месеци здравствената установа добива 70 отсто од капитацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот