Се исполни сонот на две Македонки: Илина и Ева конечно ќе ги бранат боите на Македонија

Фото: Приватна архива

Убави вести стигнаа од Геманија, сонот на Илина(16) и Ева (13) Соколовски станува реалност.  Двете наши девојчиња, кои ги собраа сите можни медали по ритмичка гимнастика во Германија, сега конечно ќе ги бранат боите на нашата држава. Илина и Ева под македонско знаме ќе се натпреваруваат на европското првенство по ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Будимпешта!

Двете се пресреќни, бидејќи сите овие години, колку што се натпреваруваат, иако се со македонски пасош, се натпреварувале за Германија, родени се и живеат таму со семејствто.

„Конечно ми се исполни сонот, уште кога почнав посакував еден ден да застанам под македонското знаме. Кога ќе настапувам за Македонија ќе ме подржат моите тренерки од Германија, со кои веќе работам 10 години. Во Македонија не постои овој спорт и нема тренери, кои ќе ја исполнат нормата за интернационални натпревари. Се радуваме со мојата сестра што ке ја претставуваме Македонија на балканските, европските и на светските натпревари“, ни изјави Илина.

Фото: Приватна архива

Додека го чекаат големиот настан Илина и Ева стартот на новата сезона го започнаа со нови медали. Во јануари Ева имаше пријателски традиционален натпревар во Боркен, каде го освои првото место. На 11. февруари во Гутершлох се одржаа првите квалификации за сезоната на кои Ева повторно беше прва, додека Илина го освои второто место. На 19. февруари Ева се натпреваруваше во Бохум на републички традиционален натпревар и повторно го освои првото место.

Вакви успеси станаа веќе нормална работа за двете Македонки, многу медали ги красат витрните на нивните клубови, недостасуваше само натпревар за матичната земја, бидејќи на секој Македонец желбата е да си ја претставува сопствената државата.

Фото: Приватна архива

Навистина сонот ни се оствари да ја претставувме Македонија. Веќе се изработуваат потребните документи и пресреќни сме со Ева што ќе бидеме репрезентативки на Македонија! Следува напорна работа, напорен тренинг, но тоа не не плаши, вака функционираме уште кога почнавме. Мотивот сега ни е поголем, Македонки сме, со македонски пасош и под македонско знаме ќе се обидеме да ја претставиме во најдобро светло татковината на европската спортска сцена, вели Илина.

Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија каде што се закити со вицешампионско место.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот