Се е подготвено за најголемиот спортски спектакл во САД
Во ноќта која следи ќе биде одигран еден од најголемите спортски спектакли, американскиот Супер Боул.
Препорачано
Силите во 59-тото издание во најважниот натпревар во американскиот фудбал ќе ги одмерат актуелниот шампион Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс.
Канзас Сити предводени од Патрик Пахоумс ќе имаат историска можност ако победат да стана првиот тим кој ја освојувал титулата трипати во низа, а исто така го играат и своето петто финале во последните шест сезони.
Иглс од друга страна во финалето влегуваат со најдобрата одбрана во лигата и се надеваат дека можат да дојдат до една од најпосакуваните титули.
Super Bowl Eve. #SuperBowlLIX pic.twitter.com/kqHszly0R5
— NFL (@NFL) February 9, 2025
Казнас во финалето влегува како благ фаворит, но сигурно дека Иглс има мотив за докажување и нема лесно да се предадат.
Медиумите во САД пишуваат дека нивна прилика е и тоа што Патрик Махоумс не игра најдобра сезона и ова е негова втора најслаба во кариерата.
Супер Боул спектаклот е познат и по шоуто кое го приредуваат американците, па така рекламите за време на финалето чинат и по цело богатство, а секогаш има и настапи на познати музички ѕвезди.


