Се ближи крајот за Борис Џонсон?

Борис Џонсон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

За Борис Џонсон сѐ може да биде готово – иако колку време ќе им треба на неговите непријатели да го „докрајчат“, не е воопшто јасно. Двата предизборни порази пред речиси две недели поттикнаа повици до министрите во кабинетот да извршат своевиден државен удар против Борис Џонсон, и конечно се чини дека тоа се случува, пишува Гардијан.

Сè уште нема официјална потврда, но невозможно е да се верува дека оставките на Саџид Џавид и Риши Сунак не биле координирани. Можеби ќе има и други оставки.

Дури и да нема други, расположението во Конзервативната партија веќе се сврте против Џонсон – можеби решително.

Џонсон е прочуено тврдоглав и веројатно нема да се откаже само затоа што двајца министри решиле да си одат. Но, сè повеќе конзервативни пратеници веруваат дека немаат шанси да победат на следните избори под негово водство. На крајот, таа проценка треба да се покаже како одлучувачка, пишува „Гардијан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот