Нови проблеми за Џонсон: Сунак и Џавид поднесоа оставки

Сунак, Џавид и Џонсон/ Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид поднесе оставка денеска, што ја втурна владата на премиерот Борис Џонсон во криза.

Џавид нагласи дека ја изгубил довербата во способноста на Џонсон да владее во националниот интерес по низата скандали, велејќи дека „повеќе не може да продолжи со чиста совест”. Тој рече дека многу пратеници и јавноста ја изгубиле довербата во способноста на Џонсон да владее во националниот интерес.

„Сепак, со жалење можам да кажам дека ми е јасно дека оваа ситуација нема да се промени под ваше водство – и затоа ја изгубивте мојата доверба”, наведе Џавид во писмото до Џонсон.

Оставка поднесе и министерот за финансии Риши Сунак.

Сунак на Твитер напиша: „Признавам дека ова е можеби мојата последна министерска работа, но верувам дека вреди да се борам за овие стандарди и затоа поднесувам оставка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот