Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна Река, железничкиот сообраќај сè уште во прекин

Пруга / Фото МИА

Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река на линијата Гевгелија-Велес помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско во близина на Стоби, железничкиот сообраќај на овој патен правец сè уште е целосно во прекин, информираат утрово од Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од Македонски железници.

– Патничкиот сообраќај сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз. На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера биле излезени на терен и извршиле увид на состојбата со мостот. Потоа биле на состанок во ЈП Македонски железници се со цел изнаоѓање на решение за санација на мостот и мерки и активности коишто треба да се преземат за да се надмине настанатата состојба, велат од ЦУК.

Посочуваат дека за донесените одлуки дополнително ќе информираат кога ќе добијат известување по завршувањето на анализите и разгледувањето на ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот