СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот и во Кисела Вода, нашите советници ја напуштија седницата
Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз во Кисела Вода соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го прекршува Уставот, предлагајќи документи во кои се игнорира уставното име на државата – Република Северна Македонија.
Препорачано
„Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локални ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот. По Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода. Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата“, се вели во соопштението од СДСМ.
„Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот. СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“, велат од СДСМ.


