Венко Филипче / Фото: Фејсбук

СДСМ утре ќе го бира новото раководство на партијата

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека утре ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство.

Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.

„Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри, изјави Филипче додавајќи дека отвораат широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор за да се стави крај, на како што рече, криминалната власт.

На 2 декември на барање на претседателот на партијата, оставка поднесе целото раководство на СДСМ.

„Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ, соопштија тогаш од партијата.

Филипче најави голема чистка на „Бихаќка“ – вечерва бара да си оди цел Извршен одбор на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот