Фото: СДСМ

СДСМ: Свиркач открива како се пумпаат 300.000 евра годишно во „Пошта“

Вработен во „Пошта“ достави писмо до Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ, во кое постои сомнеж дека преку тендер се пумпаат пари од граѓаните. АКТ веќе го објави скандалот за тендерот од 1,2 милиони евра кои го добива фирма БС КЛИНИНГ ДООЕЛ блиска до ЗНАМ од Пошта кој беше пријавен преку платформата МИЦКО.мк, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

– Имено, според договорот, во сите 14 подружници треба да има по два хигиеничари, а во Пошта 2 задолжително по 10. Во реалноста, во повеќето подружници недостасуваат по неколку хигиеничари, а постојните работат скратено – се вели во соопштението.

Димитријевиќ смета дека ова се прикрива со „лажни дневници и извештаи за генерални чистења, кои всушност не се реализираат“.

– Ние бараме од Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги испита наводите „по допрен глас“ – додаде тој.

„Работата не е завршена, институциите мора да постапат“, порача Димитријевиќ, најавувајќи продолжување на откривањето на сите криминални тендери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот